Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми: Ќе продолжам да играм за Македонија, тешко ми е да ја оставам

Адеми: Ќе продолжам да играм за Македонија, тешко ми е да ја оставам

Аријан Адеми за хрватските медиуми изјави дека и во иднина сака да игра за Македонија и не сака да ја остави репрезентацијата.

Својот последен натпревар за нашата селекција Адеми го одигра во март минатата година, кога во финалето на плејофот за Светското првенство загубивме од Португалија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После тоа Адеми не беше дел од репрезентацијата поради повредите и големиот број клупски натпревари, но сега истакна дека сака да продолжи да игра за репрезентацијата.

„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Сакам и можам. Зборував и со селекторот, тој сака да бидам таму и ќе бидам. Тешко ми е да се збогувам, бидејќи групата на луѓе таму е одлична, играме за нашата земја, се пласиравме на последното Европско првенство и сакаме да го повториме тоа. Иако сме во многу тешка група“, вели Адеми.

„Свесни сме дека ќе биде тешко, но ја победивме Германија од која се плашат сите. Знам дека Италијанците ќе бидат мотивирани против нас поради Мундијалот, но и ние ќе бидеме мотивирани, веруваме во голема победа“, додаде Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…