Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми, Седлоски и Несторовски меѓу најдобрите странци во историјата на ХНЛ

Адеми, Седлоски и Несторовски меѓу најдобрите странци во историјата на ХНЛ

Тројца македонски фудбалери се вброени меѓу најдобрите странци во историјата на првенството на Хрватска (ХНЛ).

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, некогашниот фудбалер на Хајдук Сплит и на Динамо Загреб, Гоце Седлоски и Илија Несторовски кој го носеше дресот на Интер Запрешиќ, се меѓу најдобрите странци во историјата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Македонија е трета земја после БиХ и Бразил, според бројот на странски фудбалери кои играле во Хрватска. Од 1992 наваму, во хрватските прволигаши играле 55 македонски интернационалци.

Гоце Седлоски пристигна во Хајдук Сплит летото 1996 година и одигра одлична сезона пред трансферот во англискиот клуб Шефилд Венсдеј, но веднаш се врати во Хрватска каде цели 8 години го носеше дресот на Динамо Загреб.

Несторовски во првата лига на Хрватска играше само една сезона, во дресот на Интер Запрешиќ, но со 25 гола беше прв стрелец и направи трансфер во Серија А.

Што се однесува до Адеми, тој во 2010 година прејде од Шибеник во Динамо и оттогаш освои 10 шампионски титули, шест Купа и три Суперкупа, а во моментов е капитен на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…