Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријен Адеми уште еднаш потврди дека е среќен што избрал да игра за македонската репрезентација.




Адеми 12 години е во Динамо, во кариерата ги минал сите младински селекции на хрватската репрезентација, на потоа избра да игра за Македонија.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тој во интервју за хрвстските медиуми изјави дека е убеден дека направил вистинска одлука.
„Како мал често одев во Македонија и немав проблем кога стигна поканата за настап во репрезентацијата. Често има приказни за моето неиграње за Хрватска и барањето на можниот виновник. Не жалам што вака заврши, бидејќи на крајот се покажа тоа бил вистинскиот пат за мене“, изјави Адеми.