Дома Фудбал Останато Адвокатскиот тим на Мајорга стапи на сцена: Кетрин поради Роналдо сакаше да си го одземе и животот

Адвокатскиот тим на Мајорга стапи на сцена: Кетрин поради Роналдо сакаше да си го одземе и животот

ronaldo

Ларис Дрохобзер, една од адвокатките на Кетрин Мајорга излезе со нови обвинувања кон еден од најславните фудбалери на денешницата.

Како што е веќе добро познато Мајорга го обвинува Роналдо дека ја силувал во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас и оваа тема со овие денови е број еден во сите светски медиуми.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Споменатата адвокатка сега тврди дека нејзината клиентка била емоционално слаба и исплашена.

„Од таа 2009 година кога се случил тој напад, паѓаше во депресија, размислуваше и да си го одземе животот. Често пати беше во алкохолизирана состојба, а имаше и потешкотии во одржувањето на односот со луѓето и потешко пронаоѓаше работа“, објаснуваше адвокатскиот тим на Мајорга.

Лесли Стовали исто така адвокатка додаде:

„Тоа беше тежок период за неа, имаше низа проблеми. Последните осум или девет години беше ужасно“.
Мајорга се согласила да оди на групни терапии со цел да ја олесни својата борба.

„Во активната терпаија имаше голема поддршка од луѓето околу себе. Работеше на себе за да го остави случајот зад себе и на крајот дипломираше новинарство“, тврди Дрохобзер.

На прес-конференцијата наменета за овој случај Кетрин не се појави.

„Одлучи да биде недостапна за медиумите поради својата емоционална состојба. Се ова што се случува не и е баш пријатно“, додадоа од тимот.

Треба да се истакне и дека докторите потврдиле дека Мајорга пати од посттрауматски стрес поради силувањето на Роналдо во Лас Вегас.

Ќе потсетиме, вчера Роналдо преку својот Фејсбук профил ги отфрли сите напади, но сега е јасно дека Кетрин е сериозна и ќе оди до крај. Дали е таа во право или Португалецот, останува времето и доказите да покажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…