Дома Фудбал Останато Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави!

Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави!

По скандалот со апсење на Роналдињо, најверојатно тој и неговиот брат ќе останат во притвор во Парагвај откако двајцата беа уапсени поради фалсификувани пасоши.

Додека се чека да се отвори судски процес, двајцата ќе бидат задржани во притвор, а сега се огласи и адвокатот на славниот фудбалер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој е наивна будала. Не знае што прави и не го сфаќа прекршокот што го направи. Роналдињо и неговиот брат не знале дека му се дадени лажни документи, изјави адвокатот Адолфо Марин.

Тој, исто така, рече дека судијата не го почитува фактот дека Роналдињо е татко и наместо да биде со неговиот син, кој денеска слави роденден, тој дава изјави пред судот во Парагвај.

Вториот адвокат, Ектор Касерес истакна дека наскоро ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат наредните чекори за одбрана на славниот бразилски фудбалер.

„Роналдињо направи  се, соработува и заслужува да биде пуштен во домашен притвор“, нагласи Касерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…