Дома Фудбал Останато Адвокатка го тужи Роналдо: На Португалецот му се заканува депортација!

Адвокатка го тужи Роналдо: На Португалецот му се заканува депортација!

Кристијано Роналдо го навлече бесот на јавноста во Саудиска Арабија со последниот потег на натпреварот на неговиот Ал Наср кога по скандирањето „Меси, Меси“ од трибините одговори со фаќање за меѓуножјето.

Таквото однесување разочара голем број фанови во Саудиска Арабија, а последните најави се дека ќе биде обвинет ззза непристојност на јавно место. Ова е дело кое во Саудиска Арабија се казнува и со депортација.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Адвокатката Нуф бинт Ахмед е згрозена од целиот случај и јавно најави дека ќе поднесе пријава против португалскиот фудбалер.

„Дури и ако навивачите го испровоцирале, Роналдо не реагираше како што треба. Неговото однесување е злосторство и ќе биде поднесена тужба до обвинителството“, објави Бинт Ахмед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …