Дома Фудбал Италија Агентот пристигна во Милано, Леао наскоро става потпис

Агентот пристигна во Милано, Леао наскоро става потпис

Милан и Рафаел Леао се блиску до договор за продолжување на соработката, пренесува „Скај Италија“.

Преговорите помеѓу Милан и Леао за продолжување на соработката траат веќе подолго време, но сега двете страни се блиску до договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Леао има договор до 2024 година и е на мета на многу европски гиганти, но Милан ги одби сите понуди бидејќи сака да го задржи Португалецот.

Милан спреми нова понуда од 7 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му дадат бонус од 3 милиони при потпис.

Адвокатот на Леао пристигнал во Милано и во петок ќе има средба со Малдини на која треба да бидат договорени последните детали, бидејќи самиот Леао преферира да остане на „Сан Сиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…