Милан Скриниар игра уште една одлична сезона во дресот на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
За него интерес покажуваат голем број на европски гиганти, а во последно време неговото име се поврзува со Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ можат да останат без Варан на лето кој одби да го продолжи договорот и сака да ја промени средината.
Доколку Зинедин Зидан не успее да го убеди својот сонародник да остане на „Бернабеу“, Реал Мадрид ќе биде приморан да побара нов централен дефанзивец, а примарна мета ќе биде токму Скриниар.
„Реал Мадрид сака да го доведе Скриниар, но и Барселона исто така е заинтересирана. Ние сме отворени за преговори, но најпрво овие клубови трева да го убедат Интер“, изјави агентот на дефанзивецот, Митат Халис за „АС“.
Агентот додаде дека клубовите од Манчестер исто така се заинтересирани дека испратиле понуда од 60 милиони евра, која експресно била одбиена од страна на Интер.
Цената на Скриниар во моментов се движи околу 80 и 100 милиони евра.
?L'agente di #Skriniar svela tutto: #RealMadrid e #Barcellona vogliono il difensore dell' #Inter, rifiutata anche un'offerta del #ManchesterCity.
Poi arriva l'attacco a #Raiola…https://t.co/VwyboCJuW2— calciomercato.it (@calciomercatoit) March 21, 2019