Ламин Јамал е еден од најважните фудбалери во тимот на Ханси Флик кој игра одлично од почетокот на сезоната и има пет победи во исто толку натпревари.
Блескаше Јамал и на Европското првенство во Германија, а сега агнетот на Дани Олмо, Енди Бара откри каква понуда одбил каталонскиот гигант за Јамал во текот на летото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според изјавата на Бара на адреса на Барселона пристигнала понуда во износ од 250 милиони евра. Сепак, одговорот од Каталонија бил јасен.
„Можам да ви кажам со сигурност, Барселона одби 250 милиони евра за Ламин Јамал“, изјави Бара.
Во Барселона воопшто не размислуваат за продажба на Јамал по било која цена бидејќи очекуваат уште долги години да го имаат на располагање.