Дома Останати Австралија Опен: Ѓоковиќ го избегна Надал, можно полуфинале со Федерер

Австралија Опен: Ѓоковиќ го избегна Надал, можно полуфинале со Федерер

Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија Oпен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот, кој е 14-ти носител, со Шпанецот може да се сретнe само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ.

Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.

Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…