Aнглискиот фудбалер Тами Абрахам како што стојат работите е пред преселба на позајмица во редовите на Вест Хем.
Медиумите во Италија пренесуваат дека напаѓачот би можел да се врати во Лондон каде што претходно го носеше дресот на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Вест Хем би можел да го откупи неговиот договор за сума од 23 милиони евра.
Наводно двете страни се блиску до реализација на зделката. Абрахам во Рома пристигна во 2022 година и одигра вкупно 120 натпревари на кои постигна 37 погодоци.
Низ кариерата покрај Челзи и Рома играше уште за Бристол, Свонси и Астон Вила.