Тимот на Абердин денеска се пласираше во полуфиналето од шкотскиот куп, но по натпреварот против Килмарнок кој го добија со 3:1 одново останаа без тренер.
Искусниот Нил Ворнок кој беше доведен како привремено решение одлучи да си замине. Ворнок во Абердин пристигна на стартот на оваа година, но и покрај пласманот во полуфиналето Абердин се мачи во шкотскиот шампионат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Миовски е ефикасен и постигнува голови, Абердин не знае за победа на пет натпревари во првенството, има дури три порази во низа. Според најавите фаворит за наследник на Ворнок е Нил Ленон кој во 2021 го водеше Селтик.
It has been short and sweet for Neil Warnock at Aberdeen. #BBCFootball pic.twitter.com/VxIaHaxPjp
— BBC Sport (@BBCSport) March 9, 2024