Дома Фудбал Ѕвездата на ПСЖ излегува на суд поради силување: Ова е неправедно…

Ѕвездата на ПСЖ излегува на суд поради силување: Ова е неправедно…

Фудбалерот на ПСЖ и марокански репрезентативец Ашраф Хакими, се соочува со судење поради обвиненија за силување, што беше потврдено во вторникот преку објава на социјалните мрежи.

Хакими истакна дека ги одрекува сите обвиненија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Денеска, само обвинувањето за силување е доволно за да се оправда судењето, и покрај тоа што целосно го негирам и доказите покажуваат дека е невистинито”, напиша Хакими на платформата X и продолжи:

“Ова е исто толку неправедно кон невиноста, колку и кон вистинските жртви. Спокоен сум и очекувам судењето да ја открие вистината”.

Обвинителството отпочна истрага во 2023 година по пријава за силување против фудбалерот.

Од обвинителството денеска не дадоа моментални коментари на барањето за изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …