
Капитенот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, пријавил во полицијата во Јужна Кореја дека е жртва на уцена откако се појавила информација дека му се заканувала неименувана жена со лажна бременост.
Полициската станица во Гангнам, јужниот дел на Сеул, приведе жена на дваесетина години и маж на четириесетина години под сомнение за изнуда и обид за изнуда, соопштија од јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Оваа жена наводно го контактирала Сона минатата година, тврдејќи дека го носи неговото дете и барала пари за да го држи тоа во тајност. Потоа, наведениот маж во март се обидел да изнуди пари од славниот фудбалер.
Агенцијата на Сон соопшти дека капитенот на репрезентацијата на Јужна Кореја е „жртвата во овој случај“.
Станува збор за фудбалер кој во 451 настап за Тотенхем постигнал 173 гола, а во клубот пристигна од Бајер Леверкузен во 2015 година.