Дома Фудбал Ѕвездата на Арсенал вредна 150 милиони евра промаши празен гол. Погледнете ја реакцијата

Ѕвездата на Арсенал вредна 150 милиони евра промаши празен гол. Погледнете ја реакцијата

Фудбалерите на Париз Сен Жермен се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако во двете полуфинални натпревари го победија Арсенал (1:0, 2:1). За титулата на 31 мај на Алијанц Арена во Минхен ќе играат против милански Интер, кој беше подобар од Барселона (3:3, 4:3).

Головите за парискиот состав во реванш-натпреварот ги постигнаа Фабиан Руиз (27.) и Ашраф Хакими (72.), додека стрелец за гостите беше Букајо Сака (76.). Сака имаше и невообичаено промашување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Арсеналово десно крило беше во прилика да израмни на само три минути откако семафорот покажа 1:2. Сака се најде во одлична прилика во 79-тата минута кога Рикардо Калафиори ја нафрли топката во казнениот простор од левата страна. Голманот на домаќините Џанлуиџи Донарума погрешно го процени летот на топката и не успеа да ја фати, а таа се одби пред Сака.

Англискиот репрезентативец кој Трансфермаркт го проценува на 150 милиони евра така се најде во прилика за гол кој би му донел на неговиот тим 2:2 и надеж дека може да направи пресврт на натпреварот. Сепак, од седум метри ја испрати топката над рамката на празниот гол. Откако сфати каква шанса пропушти, само се фати за главата. Ситуацијата погледнете ја ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Манчестер Сити одигра 107 минути и освои 12 трофеи, а сега замина во пензија

Поранешниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, објави дека на 40-годишна возраст ја ок…