Дома Останати Тенис Зверев полн со самодоверба: Ќе го освојам Вимблдон

Зверев полн со самодоверба: Ќе го освојам Вимблдон

Германскиот тенисер Александер Зверев е полн со самодоверба пред гренд слемот на трева и не крие дека верува дека има големи шанси да го освои Вимблдон.

Зверев во финалето на турнирот во Штутгарт загуби од Фриц, но тоа не му го разниша високото ниво на самодоверба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во еден момент обраќајќи се на фановите, еден од нив извика: “Саша, Вимблдон”, на што третиот светски тенисер одговори: “Не се грижи, ќе го освојам Вимблдон!”.

Истиот Фриц минатата година го исфрли Зверев од Вимблдон, а тој Слем е најлошиот за 28-годишникот од Хамбург, бидејќи никогаш не стигнал до петтото коло, додека на сите останати играше по финале.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше директно во четвртфиналето нa Австралија Oпен, откако неговиот …