Дома Останати Тенис Зверев: Готово е – Ѓоковиќ е мојот тренер

Зверев: Готово е – Ѓоковиќ е мојот тренер

Германскиот тенисер Александер Зверев се надева дека Новак Ѓоковиќ еден ден ќе му биде тренер.

Неодамна, Данил Медведев изјавил дека слушнал дека Новак, кога ќе ја заврши кариерата, ќе го тренира Зверев.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На мастерсот во Рим, тенисерите и тенисерките, беа прашани – кој би сакале да го видат на местото на тренер.

Алекс де Минор, Холгер Руне, Стефанос Циципас го истакнале Новак, исто како и Зверев, кој низ насмевка давал одговори.

„Кога ќе се пензионира, гарантирано ќе биде мојот тренер. Тоа е готово“, вели Зверев.

Следуваше интервенција дека многумина би го сакале Новак на тоа место.

„Тој е мојот тренер. Потпишавме“, се пошегува Саша.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат е терминот: Ѓоковиќ дозна кога игра против Дрејпер на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ обезбеди учество во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс со победа на…