Дома Фудбал Златан Ибрахимовиќ има здравствени проблеми, фановите загрижени

Златан Ибрахимовиќ има здравствени проблеми, фановите загрижени

Златан Ибрахимовиќ моментално се бори со сериозен грип, што предизвика загриженост кај неговите симпатизери и медиумите во Италија.

Иако е пензиониран, популарниот Ибра сега ја извршува функцијата советник во Милан, и е многу ангажиран во водството на тимот и давањето поддршка на играчите. Сепак, привремено Ибрахимовиќ не е во состојба да ја врши својата работа поради помали здравствени проблеми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во текот на богатата кариера, Швеѓанецот помина низ многу повреди и операции, но не се соочил со болест која комплетно ќе го извади од ритам. Иако досега покажуваше голема физичка сила, сега посериозниот грип си го направи своето и Ибрахимовиќ мора малку да одмори.

Според последните информации од италијанските медиуми, закрепнувањето на Ибрахимовиќ напредува во позитивна насока и наскоро ќе се врати на својата работа со „Росонерите“. Наскоро Златан ќе има главна улога во изборот на нов спортски директор на италијанскиот гигант, со што неговото влијание врз клубот ќе остане силно и во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид му понудил опција „земи или остави“ на Винисиус

Винисиус Жуниор одби две понуди од Реал Мадрид за потпишување нов договор. Ако тоа се случ…