Дома Фудбал Жул Кунде потпиша нов договор со Барса

Жул Кунде потпиша нов договор со Барса

Бранителот на Барселона Жул Кунде го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на десниот бек е до летото 2030 година.

Претходниот договор на францускиот репрезентативец истекуваше во 2027 година. Двете страни немаа големи разлики во текот на преговорите и си подадоа раце.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Родениот во Париз Кунде својата младинска кариера ја започна во Бордо. Дебитираше за жирондинците во 2017 година, а во 2019 премина во Севиља. На “Рамон Санчес Писхуан” ја освои Лига Европа во 2020 година.

Кунде е во Барса од 2022 година. За него “лос кулес” платија 50 милиони евра. Французинот брзо се утврди како важна фигура и веќе има две титули на Шпанија, една купа и две суперкупии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи сака уште една ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Коби Мејну беше поврзуван со заминување од Манчестер Јунајтед за време на летото и бараше …