Дома Фудбал Жил Кунде одиграл најмногу натпревари во 2024 година

Жил Кунде одиграл најмногу натпревари во 2024 година

Жил Кунде од Барселона е фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во 2024 година.

Французинот одиграл вкупно 69 мечеви досега годинава, а ако се биде како што треба следниот викенд ќе стигне до бројката 70.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според анализата на Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС), во пресметката се вклучени натпревари на клупско и репрезентативно ниво, вклучувајќи ги и натпреварите во репрезентациите У21 и У23.

Втор на оваа листа е Колумбиецот од Флуминенсе Џон Аријас, додека трет е играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде.

Арис оваа година одигра 67 натпревари, а Валверде 66.

Зад нив се Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Николас Отаменди (Бенфика) и Гранит Џака (Баер).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлошото Светско првенство според Руни: “Беше мрачно и без навивачи”

Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Вејн Руни, предизвика полемики откако го…