Дома Фудбал Жестока тепачка на навивачите пред финалето на Лига Европа (Видео)

Жестока тепачка на навивачите пред финалето на Лига Европа (Видео)

Финалето на Лига Европа кое ќе се одигра во среда во 21 часот помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем имаше жестока увертира надвор од теренот.

Натпреварот ќе се игра на стадионот Сан Мамес во Билбао, а во Сан Себастијан, кој е на еден час оддалеченост, дојде до жестока тепачка помеѓу навивачите на двата англиски клуба.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми, ситуацијата на улиците ескалирала по меѓусебното навредување на двете групи кои се сретнале на улиците на баскискиот град. Очевидците наведуваат дека тепачката започнала нешто пред 21.30 часот, а целиот инцидент резултирал со хаос во кој а летале шишиња, столови и маси.

Неколку локални полициски патроли пристигнале на местото на настанот по пријавата за тепачка и брзо успеале да воспостават ред. Била испратена и Брза помош, која дала помош на неколкумина на лице место. Засега се знае дека никому не му била укажана помош во болница.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Промена во Милан: Легенда на Албанија станува спортски директор

Поранешниот капитен на албанската репрезентација Игли Таре (51) треба да стане спортски ди…