Дома Останати Ракомет Жестока реакција на „Чкембари“ откако битолска банка стана спонзор на Вардар!

Жестока реакција на „Чкембари“ откако битолска банка стана спонзор на Вардар!

Навивачката група „Чкембари“ од Битола денеска излезе со жестока реакција, критикувајќи ја, како што велат, наглата појава на нови спонзори кај спортските колективи под брендот Вардар. Повод за ваквиот револт е неодамнешната промена на сопствеништвото во Стопанска банка АД Битола, која од пред неколку дена е во рацете на српската Алта банка.

Според битолските навивачи, иако банката сè уште не го завршила процесот на ребрендирање, веќе се појавува како нов финансиски покровител на РК Вардар. Дополнително, тие укажуваат дека и ФК Вардар во последниот период бележи значителен прилив на нови поддржувачи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Чкембари“ потсетуваат дека слични процеси се случувале и пред околу десет години, кога, според нив, вардаровите клубови дејствувале како парадржавни проекти кои само формално биле под приватен капитал. Навивачите упатуваат критики и кон спортските федерации, судиските одлуки, но и кон, како што тврдат, блискоста на актуелниот министер за спорт со клубот.

„Дали е праведно државни, јавни и големи приватни компании да насочуваат средства само кон еден клуб?“, прашуваат битолските ултраси, предупредувајќи дека ваквиот модел создава нереални плати и пазарни услови што другите клубови не можат да ги следат, со што автоматски стануваат неконкурентни.

Тие апелираат битолската политичка и институционална елита да заземе став и да не остане, како што велат, нем сведок на случувањата. Според „Чкембари“, ова прашање е од суштинско значење за битолските клубови, спортските работници, навивачите и граѓаните кои ја довериле својата поддршка на избраните претставници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешна репрезентативка на Македонија ќе стане судијка! (Фото)

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јована Саздовска, која неодамна стави кра…