Дома Фудбал Жестока битка за титулата во Серија А. Наполи триумфираше против Рома, четири екипи во бод разлика

Жестока битка за титулата во Серија А. Наполи триумфираше против Рома, четири екипи во бод разлика

ВОЗБУДЛИВОТО 13. коло од италијанската Серија А донесе вистинска енергетска пресметка на Олимпик стадионот, каде што Рома го угости Наполи. Екипата на Антонио Конте запиша минимална победа од 1:0 во Рим, благодарение на единствениот гол на натпреварот којшто го постигна Давид Нерес во 36. минута. Со оваа победа, Наполи создаде интригантна ситуација на врвот на табелата на Серија А.

Токму сега, по првите четири екипи ги дели само еден бод. Први се Милан со 28 освоени бодови, колку што има и Наполи, но поради подобра гол разлика Милан е на чело.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На третата позиција е Интер со 27 бодови, исто како и Рома, но Римјаните имаат значително послаба гол разлика. Болоња, која има еден натпревар помалку, и Комо имаат по 24 бодови, а Јувентус досега има освоено 23 бодови.

Веќе во следното коло оваа драгоцена ситуација може дополнително да се вжешти, бидејќи Наполи го пречекува Јувентус на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…