
Денеска, со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи ждрепката за нокаут-фазата од Лигата на шампионите на УЕФА сезоната 2025/26. Ждрепката ќе опфати 16 екипи кои успеаја да се пласираат од деветтото до 24-то место во групната фаза, додека осумте најдобри тимови од истата фаза автоматски добиваат место во осминафиналето.
Во ждрепката за плејофот ќе учествуваат 16 екипи, потврдени по крајот на групната фаза. Тимовите кои се носители ќе ја играат својата прва средба на гостински терен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Носители:
Реал Мадрид (ШПА)
Интер (ИТА)
Париз (ФРА)
Њукасл (АНГ)
Јувентус (ИТА)
Атлетико (ШПА)
Аталанта (ИТА)
Леверкузен (ГЕР)
Неносители:
Борусија Дортмунд (ГЕР)
Олимпијакос (ГРЦ)
Клуб Бриж (БЕЛ)
Галатасарај (ТУР)
Монако (ФРА)
Карабах (АЗЕ)
Бодø/Глимт (НОР)
Бенфика (ПОР)