
Годинава 2026, зимскиот трансфер период достигна својот крај во водечките пет европски лиги, а според Tрансфермаркт, најголемите зделки повторно се вртеа околу англиската Премиер лига. Најскап трансфер за оваа зима го направи Манчестер Сити со потписот на Антоан Семењо од Борнмут, вреден 72 милиони евра.
Неговиот трансфер е проследен од уште еден значаен договор во Премиер лигата. Ливерпул постигна соработка со Жереми Жаке за 63.6 милиони евра, иако Жаке ќе остане на позајмица во Ренс до крајот на сезоната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кристал Палас беше еден од најактивните клубови, кој успеа да донесе напаѓачот Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон за 49.7 милиони евра. Подоцна беше договoрен и трансферот на Бренан Џонсон од Тотенхем за 40 милиони евра.
Списoк со 10 најскапи трансфери оваа зима:
- Антоан Семењо (Борнмут – Манчестер Сити), 72 милиони евра
- Жереми Жаке (Ренс – Ливерпул), 63.6 милиони евра
- Јорген Странд Ларсен (Вулверхемптон – Кристал Палас), 49.7 милиони евра
- Лукас Пакета (Вест Хем – Фламенго), 42 милиони евра
- Конор Галагер (Атлетико – Тотенхем), 40 милиони евра
- Бренан Џонсон (Тотенхем – Кристал Палас), 40 милиони евра
- Адeмола Лукман (Аталанта – Атлетико), 35 милиони евра
- Оскар Боб (Манчестер Сити – Фулам), 31.2 милиони евра
- Кадер Меите (Ренс – Ал-Хилал), 30 милиони евра
- Рајан (Васко да Гама – Борнмут), 28.5 милиони евра