
Долгогодишниот коментатор на „Спорт Клуб“, Небојша Вишковиќ и “заштитно лице” на оваа ТВ куќа, отворено и без многу заобиколување се прости од својата долгогодишна коментаторска кариера.
Човекот кој со „Спорт Клуб“ ја следеше речиси целата трофејна кариера на Новак Ѓоковиќ, направи пренос и финалето во Мајами по кое заврши неговата долгогодишна кариера.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
“По повеќе од 700 меча на Новак со овој знак на СК, замислете колку е тоа поени, пред нас можеби е последниот. Велам можеби, бидејќи сите се надеваме дека мракот ќе трае пократко од кариерата на Новак”, истакна Вишковиќ.
Да потсетиме, Телеком Србија пред неколку месеци го потврди купувањето на Јунајтед Медија во чија сопственост беа и каналите на Спорт Клуб, па така сите преноси од овој канал во иднина ќе бидат на Арена Спорт, но без долгогодишните коментатори.
Проштевањето на Небојша Вишковиќ погледнете го тука.