Дома Останати Тенис “Заштитното лице” на „Спорт Клуб“ се прости со публиката: Се надеваме дека мракот ќе трае пократко од кариерата на Новак

“Заштитното лице” на „Спорт Клуб“ се прости со публиката: Се надеваме дека мракот ќе трае пократко од кариерата на Новак

Долгогодишниот коментатор на „Спорт Клуб“, Небојша Вишковиќ и “заштитно лице” на оваа ТВ куќа, отворено и без многу заобиколување се прости од својата долгогодишна коментаторска кариера.

Човекот кој со „Спорт Клуб“ ја следеше речиси целата трофејна кариера на Новак Ѓоковиќ, направи пренос и финалето во Мајами по кое заврши неговата долгогодишна кариера.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“По повеќе од 700 меча на Новак со овој знак на СК, замислете колку е тоа поени, пред нас можеби е последниот. Велам можеби, бидејќи сите се надеваме дека мракот ќе трае пократко од кариерата на Новак”, истакна Вишковиќ.

Да потсетиме, Телеком Србија пред неколку месеци го потврди купувањето на Јунајтед Медија во чија сопственост беа и каналите на Спорт Клуб, па така сите преноси од овој канал во иднина ќе бидат на Арена Спорт, но без долгогодишните коментатори.

Проштевањето на Небојша Вишковиќ погледнете го тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Марка“: Ѓоковиќ стана непријател број „еден“ на Србија!

Србијаа, поточно нејзината влада и претседателот, повторно се на мета на негативна критика…