
Раководството на Тотенхем е незадоволно од резултатите и играта и размислува за промена на тренерската позиција, објавуваат британските медиуми. По 16 кола Тотенхем е на 11-тото место во Премиер лигата. Покрај слабите резултати, данскиот тренер Томас Франк, кој го презеде клубот во јули, најмногу се криткува поради тоа што не успеа да наметне препознатлив стил на игра. Дополнително, раководните лица сметаат дека нема никаков напредок во играта на Тотенхем.
Според британските медиуми, раководството на клубот оцени дека поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез (45), би бил одлично решение. Во нивна корист оди фактот дека легендата на Барселона моментално е без ангажман. Чави Ернандез, по завршувањето на играчката кариера, започна како тренер во катарскиот Ал-Сад, а од ноември 2021 до јуни 2024 ја предводеше Барселона, со која ја освои Ла Лига во 2023 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во Тотенхем сметаат дека Чави, со своето играчко и тренерско искуство, би бил долгорочно решение и дека може да создаде работна атмосфера која би резултирала со атрактивна игра и борба за највисоки позиции во лигата и во европските куп натпревари. Ведуваат дека играчите, кои моментално играат под очекувањата, под водство на шпанскиот тренер би можеле повторно да го достигнат врвното ниво на игра.