
Шпанските медиуми пренесуваат интересна информација која би можела да предизвика тензии во соблекувалната на Реал Мадрид, доколку клубот доведе еден фудбалер.
Според пишувањето на порталот Ел Насионал, бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор наводно ги предупредил челниците на Реал Мадрид дека би можел да размисли за заминување од клубот ако на Сантијаго Бернабеу стигне играчот за врска на Манчестер Сити, Родри.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Истата извор наведува дека сличен став има и францускиот играч за врска Едуардо Камавинга, кој исто така наводно не би бил воодушевен од потенцијалното доаѓање на шпанскиот репрезентативец.
Родри во последно време често е поврзуван со Реал Мадрид, особено по освојувањето на Златната топка во 2024 година, со што го потврди статусот на еден од најдобрите играчи за врска во светот.
И познато е дека Родри „ја украде“ тогаш Златната топка токму од Винисиус. Иако се чинеше дека Бразилецот ќе ја добие истата, на крај, таа заврши во рацете на играчот за врска на Сити.
Сепак, засега нема конкретни знаци дека трансферот е блиску до реализација, а од Реал Мадрид не се огласиле по овие наводи.
Да потсетиме, Винисиус веќе години наназад е еден од клучните играчи на кралскиот клуб, додека Камавинга има сè поважна улога во средниот ред на екипата од Мадрид.
Останува да се види дали Реал Мадрид навистина ќе тргне по Родри и какво влијание би имало тоа на атмосферата во екипата.
Дефинитивно Вини не би го прифатил таква лесно доаѓањето на голем непријател, а очигледно е дека и други играчи на Реал не сакаат да ја делат соблекувалната со Родри.
29-годишниот Родри има договор со Сити до летото 2027 година, но со Англичаните веќе освоил сè и наводно има желба да се врати дома во Шпанија.
Во актуелната сезона Родри забележа 17 настапи во Премиер лигата и постигна еден гол, додека во Лигата на шампионите имаше само три настапи и поради повреди пропушти поголемиот дел од сезоната.