
Ливерпул оваа сезона ја освои јубилејната 20-та титула на шампион на Англија, но ова лето ќе има големи промени во играчкиот кадар.
Екипата на Ливерпул под палката на Арне Слот навистина изгледа впечатливо и заслужено ја освои титулата шампион на Англија оваа сезона.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Во најпознатото европско натпреварување – Лигата на шампионите беа запрени во осминафиналето кога ги исфрли ПСЖ по изведувањето пенали.
Сѐ на сѐ, многу добра сезона за „Црвените“, но нема време за одмор и веќе почнуваат со подготовките за наредната сезона.
Што се однесува до влезните трансфери, Џереми Фримпонг веќе е нов член на клубот од Мерсисат и само се чека официјалната потврда од клубот.
Близу до доаѓање на „Енфилд“ е и унгарскиот репрезентативец роден во Србија – Милош Керкез кој игра на позицијата лев бек.
Покрај влезните трансфери, секако ќе мора да има и неколку излезни трансфери, а германскиот “Sky” дава една ексклузива.
Како што пренесува овој извор, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за дури три ѕвезди на екипата на Ливерпул. Станува збор за Дарвин Нуњез, Диого Жота и Луис Диаз.
Нуњез често беше предмет на критики, најмногу поради својата завршница и неверојатни промашувања кои ги имаше.
Жота е многу квалитетен играч, но Арне Слот во моментов повеќе верува на својот сонародник Коди Гакпо и му дава повеќе шанси.
Фото: Принтскрин