Србинот најверојатно нема да остане во Торино уште долго.
Според информациите од Газета дело спорт, српскиот напаѓач е сè поблиску до промена на средината, а главната причина за потенцијалната разделба е одбивањето на Јувентус да го продолжи договорот со Влаховиќ со истите услови.
Реномираниот италијански спортски медиум наведува дека Влаховиќ одбива да потпише нов договор, а причината е затоа што Јувентус му нуди помалку пари од она што во овој момент го заработува.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
На поранешниот напаѓач на Фиорентина и Партизан важечкиот договор му истекува во 2026 година, обезбедувајќи му 10.500.000 евра годинава и 12.000.000 евра следната година.
Разделбата е се поблиску, но е тешко да се очекува дека Јувентус ќе го продаде Влаховиќ во текот на сезоната, иако тој наводно побарал од клубот да го стави на трансфер листа и да започне потрага за замена.
Влаховиќ досега во сезоната постигна 12 гола и е прв стрелец на екипата.
Репрезентативецот на Србија на тренинг добил повреда поради која ќе тренира индивидуално до крајот на неделата и во моментов не е сигурно дали ќе може да игра на градското дерби против Торино во сабота.
Влаховиќ дојде во Јувентус од Фиорентина во 2022 година во трансфер вреден околу 80.000.000 евра и моментално е најплатен играч во Серија А.
Како негови нови клубови се спомнуваа Пари Сен Жермен и Арсенал, а во островските медиуми се појави информација дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати Џошуа Зиркзее во Торино како замена за Влаховиќ, кој не успеа на “Олд Трафорд”.
Зиркзе инаку соработуваше со тренерот на Јувентус Тијаго Мота во Болоња претходната сезона.