Дома Останати Тенис Закани кон Ѓоковиќ: Те чекаме во Рим, мал човеку!

Закани кон Ѓоковиќ: Те чекаме во Рим, мал човеку!

Новак Ѓоковиќ во Доха заврши неуспешен настап откако беше елиминиран во првото коло од Матео Беретини, а сега му стигнуваат и закани од Италија.

Српскиот тенисер пред почетокот на турнирот зборуваше за одлуката на антидопинг агенцијата да се договори со Јаник Синер и да го суспендира само на три месеци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Имаме ситуации каде што некој како врвен играч кој може да си дозволи најдобри адвокати и има пристап до ресурси, така има поголема можност да се избори за подобар исход отколку некој кој го нема тоа. Така изгледа. WADA во своите правила кажува дека секој случај е различен, дека кога ќе се открие позитивниот резултат, имаш разумно време да се искаже на таа тема, да го откриеш изворот или позадината од каде потекнува тоа. Синер тоа го достави за шест часа, затоа имаше подобар третман, а другите не успеаја. Не може секој толку брзо да го направи тоа“.

Поради таа изјава, го нападнаа италијанските навивачи на социјалните мрежи од кои пристигнаа и сериозни закани.

Во коментарите под фотографијата на која се Вердаско и Ѓоковиќ, го нарекуваат “мал човек”, потоа му порачуваат „те чекаме во Рим, се памети сè што кажа, ќе бидеш ‘награден’ со вистинска мерка” и слично.

Еден од корисниците смета дека Новак и неговата сопруга Јелена треба да преземат правни мерки за да се заштитат од нападите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…