Дома Фудбал Закањи е херојот на Рим, Милан елиминиран од Копа Италија (Видео)

Закањи е херојот на Рим, Милан елиминиран од Копа Италија (Видео)

Фудбалерите на Лацио се квалификуваа во четвртфиналето на Купот на Италија.

Вечерва, на домашниот “Олимпико”, Лацио го совлада тимот на Милан со резултат 1:0 во осминафиналниот натпревар, а во следната рунда ги очекува пресметка против Болоња.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Не беше особено атрактивен дуел на “Олимпико” бидејќи двата тима беа преокупирани со тоа да не примат гол, а до последните минути се чинеше дека пеналите ќе го решат кој ќе се приклучи во кругот на најдобрите осум.

Сепак, десет минути пред крајот на натпреварот, по еден корнер за Лацио, одбраната на Милан се изгуби во концентрација и му остави простор на Матија Закани. Десетката на римскиот тим со глава го постигна единствениот гол и го донесе победникот Лацио под водство на тренерот Маурицио Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…