Дома Фудбал Захариевски нов тренер на Пелистер!

Захариевски нов тренер на Пелистер!

Срѓан Захариевски е нов тренер на Пелистер, потврди битолскиот клуб преку социјалните мрежи.

Захариевски веќе работеше во Пелистер во 2017 година, па за него ова е враќање во клубот по осум години.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција“, стои во објавата на Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…