Дома Фудбал Забележа ѕвезда на Барселона како плаче, па му одржа лекција пред сите

Забележа ѕвезда на Барселона како плаче, па му одржа лекција пред сите

Иако Барселона минатата сезона освои тројна круна во Шпанија, многу болен момент беше кога испаднаа во полуфиналето на Лигата на шампионите од Интер по спектакуларниот двомеч. Токму по натпреварот во Милано се случи момент кој само неколку месеци подоцна излезе во јавноста.

Двомечот помеѓу Барселона и Интер беше еден од најдобрите што ги видовме минатата сезона во Лигата на шампионите, а на крајот италијанскиот клуб со вкупни 7:6 стигна во финалето.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во првиот натпревар кој се играше на Монжуик резултатот беше 3:3, а потоа на Сан Сиро гледавме вистински спектакл.

Тоа беше натпревар полн со пресврти и иако Барселона во завршницата водеше со 3:2 на крајот шокантно беше поразена и по продолженијата заврши својот пат во Лигата на шампионите.

По поразот во Милано играчите на Барселона беа видливо потресени, но еден од нив особено се истакна. Станува збор за Жерар Мартин кој веднаш по завршувањето на натпреварот плачеше и се виде колку му беше тешко поразот.

Меѓутоа, по сето тоа во приказната се вклучи голманот Војчех Шчесни кој го виде Мартин како плаче и одлучи пред сите да му одржи лекција.

„Му пријдов пред сите и му реков: ‘Погледни каде си. Ова е Сан Сиро, погледни колку далеку стигна за само неколку години’. Разбра што сакам да му кажам. После тоа знаеше дека треба гордо да ја крене главата и да биде горд без разлика на поразот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо го изненади светот со новата одлука – влегува во ММА

Кристијано Роналдо направи потег кој скоро никој не можеше да го предвиди. Стана акционер …