Роберт Кукуреља, ѕвезда на Челси и репрезентацијата на Шпанија, беше „жртва“ на историска судиска одлука. Во 51. минута од натпреварот Челси – Бормут (2:2) во 21-то коло на Премиер лигата, при резултат 1:1, Кукуреља тргна во брза контра, но беше запрен и соборен од противникот Дејвид Брукс со удар по вратот.
ВАР му предложи на судијата Роберт Џонс да го исклучи Брукс. Тој ја прегледа ситуацијата на мониторот крај теренот и ја отфрли сугестијата на видео-асистентот. Брукс помина само со жолт картон. Премиер лигата објави дека по темелито прегледување на снимката, главниот судија утврдил дека „инцидентот претставувал невнимателна игра, а не насилно однесување.“ Ова е првпат во историјата на Премиер лигата главниот судија да го отфрли предлогот на ВАР да додели црвен картон. Ова е исто така првпат оваа сезона во Премиер лигата судија на теренот да го коригира ВАР.
— No Context Chelsea (@NoContxtChelsea) 14 јануари 2025