
За помалку од еден месец стартува Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а годинашниот Мундијал ќе донесе една голема промена за македонските љубители на фудбалот – натпреварите за првпат нема да се емитуваат на каналите на Македонската радио телевизија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
ФИФА веќе ги објави носителите на ТВ-правата, а меѓу нив ја нема МТВ. Правата за пренос на најголемиот фудбалски спектакл за Македонија и регионот ги обезбеди телевизијата „Арена Спорт“.
Иако сè уште нема официјална потврда, според информациите натпреварите ќе бидат достапни и со коментар на македонски јазик. МТВ во изминатите децении речиси редовно ги пренесуваше големите репрезентативни турнири, а единствен исклучок досега беше Европското првенство во 2008 година, кога правата ги поседуваше „Алсат“.
Светското првенство започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули.