Дома Фудбал За Барса беше најголемо промашување, а сега за него каталонскиот гигант доби одлични вести од Англија!

За Барса беше најголемо промашување, а сега за него каталонскиот гигант доби одлични вести од Англија!

Бразилскиот, напаѓач Витор Роке, се сметаше за еден од најголемите трансфер-промашувања на Барселона во последно време. Но, иако веќе си замина од каталонскиот клуб, тој би можел да им донесе значителна финансиска добивка.

Во 2024 година, Барселона го купи Роке од Атлетико Паранаенсе за 30 милиони евра, но неговото пристигнување се покажа како голем неуспех.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неколку фактори придонесоа за тоа, особено инсистирањето на Чави тој да дојде во јануари, иако првиот план беше тој да пристигне на крајот од сезоната како би се подготвил за летните подготовки.

По пристигнувањето, Бразилецот не успеа да се наметне во тимот, па само половина година подоцна Барселона го прати на позајмица во Бетис.

Роке играше во Бетис до февруари оваа година, кога позајмицата заврши неочекувано поради непристојната понуда што ја доби од Бразил.

Палмеирас го купи за 25 милиони евра, што се покажа како добар потег за кариерата на бразилскиот напаѓач. Роке успеа да се врати во форма во Палмеирас и се чини дека повторно може да се обиде во Европа.

Се појави информација дека бразилскиот напаѓач е на мета на неколку европски клубови, помеѓу кои најмногу заинтересиран е Манчестер Јунајтед.

“Црвените Ѓаволи” внимателно го следат Роке и се очекува наскоро да испратат понуда од 50 милиони евра, надевајќи се дека Палмеирас ќе ја прифати.

Доколку трансферот се оствари, најмногу ќе се радуваат во Барселона бидејќи и каталонскиот клуб ќе добие значаен дел од средствата.

Барселона има право на дури 20% од идниот трансфер на Роке, што значи дека ако Палмеирас ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед, тие ќе заработат околу десет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…