Дома Останати Тенис Вториот светски рекет се посрамоти: Доживеа елиминација од анонимус!

Вториот светски рекет се посрамоти: Доживеа елиминација од анонимус!

Во овој момент, Александар Зверев е вториот тенисер во светот, но игра како понизок рангиран просечен играч така што дозволи да се изрезили на турнирот во Рио де Жанеиро.

Тој загуби од Франсиско Комесана, 84. играч на АТП листата од Аргентина со 4:6, 6:3, 6:4.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Раното исфрлање на два турнири во Јужна Америка, прво во Буенос Аирес, а сега и во Рио – каде што Зверев испадна во четвртфиналето и на двата, е силен удар за Германецот и неговите претензии да се приближи до лидерот на АТП листата, моментално суспендираниот Јаник Синер.

Иако Зверев го освои првиот сет, а во третиот имаше предност од 4:1, тоа не беше доволно да обезбеди победа и пласман во полуфиналето.

Комесана веќе е кандидат за поен на сезоната, бидејќи успеа да врати невозможно и да поентира во еден од најатрактивните гемови на мечот, во третиот сет.

Комесана ќе игра во полуфиналето против Французинот Милер, додека на другата страна од ждребот се Аргентинците Баез и Уго Карабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Трамп ќе присуствува на финалето на Ју-Ес Опен

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе присуствува на финалниот м…