Дома Фудбал Вознемирувачко видео: Фудбалер се заби во рекламите покрај теренот – кариерата му е под знак прашалник! (Видео)

Вознемирувачко видео: Фудбалер се заби во рекламите покрај теренот – кариерата му е под знак прашалник! (Видео)

Самуел Асамоа (31), играч од средниот ред од Того, е во критична состојба и се соочува со “висок ризик од параплегија” откако доживеа сериозна несреќа при судир со рекламна табла за време на натпреварот од втората кинеска лига. Асамоа настапуваше за Гуангси Пинггуо против Чонгчинг Тонглианглонг, кога по дуелот со противничкиот играч, со глава удри во рекламната табла покрај теренот и падна на тревата.

Медицинскиот тим реагираше брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни фрактури на вратот и сериозни оштетувања на нервниот систем. Тој е оперативно третиран и ќе го пропушти остатокот од сезоната, но кариерата му е во голема опасност, бидејќи параплегијата значи губење на способноста за движење на долните екстремитети.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Асамоа има одиграно шест натпревари за националниот тим на Того. Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Белгија, а во 2021 година се приклучи на романски клуб. Од лани игра во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…