
Лиднзи Вон, една од најголемите скијачки на сите времиња, претрпе тежок пад и сложен прекин на ногата по само 12 секунди од трката во спуст на Олимписките игри во Кортина д’Ампецо. По падот проследен со болен крик, Вон беше пренесена со хеликоптер во болница, каде што беше оперирана. Така заврши нејзиниот настап на Игрите, но веројатно и кариерата.
Но, Вон поради новиот модел на наградување на американските олимпијци, ќе добие огромна премија и покрај толку краткиот настап на ЗОИ. Само за учество во Кортина 2026 година ќе добие 200 илјади долари, што е околу 180 илјади евра. Секој член на американската олимписка и параолимписка репрезентација ќе го добие наведениот износ, без оглед на пласманот и резултатот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вакви раскошни награди за само учество на Игрите овозможи милијардерот Рос Стивенс со донација од 100 милиони долари на Американскиот олимписки и параолимписки комитет. За споредба, на Игрите во Париз 2024 година, американските олимпијци добиваа 37.500 долари за злато, 22.500 долари за сребро и 15.000 долари за бронза.
Последниот износ Вон го доби за бронзата во спуст на Игрите во Пјонгчанг 2018 година. Вон во истата дисциплина освои злато на Игрите во Ванкувер 2010 година. Американката во Светскиот куп освои 20 кристални глобуси: 8 во спуст, 5 во супер велеслаломи, 3 во комбинација и 4 за вкупна победа.