Дома Фудбал Останато Вон оперирана по четврти пат: Кончено ќе можам да се вратам дома

Вон оперирана по четврти пат: Кончено ќе можам да се вратам дома

Американската скијачка Линдзи Вон во саботата во болница во Тревисо, Италија, беше подложена на четврта операција на скршената нога.

Да се потсетиме, Вон, која се врати на скијачките патеки по речиси шестгодишна натпреварувачка пауза, се натпреваруваше на олимпискиот спуст и покрај пуканите вкрстени лигаменти во левото колено. Таа повреда ја доби при падот на последниот спуст на Светскиот куп во Кранс-Монтана. На олимписката трка падна и ја скрши ногата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Операцијата помина добро. За среќа, конечно ќе можам да се вратам дома во САД. Прочитав многу пораки и коментари во кои се вели дека она што ми се случи ги растажува. Ве молам, не бидете тажни. Прифаќам сочувство, љубов и поддршка со отворено срце, но ве молам без тага или сожалување. Се надевам дека ова ќе ви даде сила да продолжите да се борите, затоа што тоа е она што го правам и ќе го правам отсекогаш”, напиша Вон на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ивановски имаше одличен настап на маратонот во Севиља

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари извонреден резултат на маратонот во Севиља,…