
На интернет се појавија снимки кои ги изненадија и најверните фанови на Кристијано Роналдо. Португалецот го прослави својот 41. роденден на раскошна приватна забава, далеку од очите на јавноста. Во период кога неговата кариера поминува низ турбуленции, Роналдо покажа сосема различна страна.
Кристијано Роналдо наполни 41 година, а овој значаен момент го одбележа во кругот на семејството и најблиските пријатели, на приватна и луксузна забава која брзо стана хит на социјалните мрежи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На снимките што се појавија на интернет се гледа насмеаниот Роналдо како трча околу роденденската торта, дува свеќички и слави со насмевка што ретко ја гледаме кај човек кој е навикнат на строга дисциплина и професионалност.
Во тие моменти, португалската ѕвезда делува речиси детски весело, како за неколку часа да ги заборавил сите притисоци што ги носи статусот на еден од најголемите фудбалери во историјата.
Особено внимание привлече емотивниот момент кога Роналдо танцува со својата мајка, жената која, како што често нагласува, му била најголема поддршка низ целата кариера.
Набрзо потоа следуваше уште еден снимка што ги разнежни фановите ширум светот – танцот со неговата свршеница Георгина Родригез, која е со него веќе години и ги дели неговите успеси и неуспеси.
Сето тоа се случува во момент кога Кристијано Роналдо се наоѓа среде комплицирана ситуација во Саудиска Арабија, каде последните недели се соочува со сериозни критики и потсмев од дел од навивачите поради незадоволството кое го покажа затоа што смета дека конкурентте многу повеќе се засилуваат од неговиот Ал Наср.
<