
Од “Франс Фудбал” се обиделе да се помират со Реал Мадрид и дури имаат испратено свои претставници во шпанската престолнина, но тоа не дало резултат, тврди “Марка”.
Како што е познато, од кралскиот клуб се лути, бидејќи пред една година Винисиус Жуниор не ја освои “Златната топка”. Тогаш шпанската делегација дури ја бојкотираше церемонијата, на која признанието беше доделено на Родри, откако се установи дека тој собрал повеќе поени од Бразилецот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сега, на прагот на новата гала вечер, организаторите на гласaњето сакаат да ги намалат тензиијата меѓу “белите”. Во таа насока, во последните месеци од “Франс Фудбал” прават различни обиди да ги обноват своите односи со Реал. Засега, сепак, тие не се успешни.
Идната церемонија за “Златната топка” за 2024/25 ќе се одржи на 22 септември во Париз. Фаворит за признанието е Усман Дембеле од Пари Сен Жермен, а високи шанси се припишуваат и на Ламин Јамал од Барселона. Инаку од Реал се номинирани Винисиус Жуниор, Килиан Мбапе и Џуд Белингам.