Дома Фудбал Во Реал Мадрид се подготвува голема реконструкција: Тројца фудбалери ги потврдија заминувањата!

Во Реал Мадрид се подготвува голема реконструкција: Тројца фудбалери ги потврдија заминувањата!

Вчерашната спортска вест на денот беше заминувањето на Лука Модриќ од Реал по 13 години, но разделбата на хрватскиот играч е само почеток, бидејќи беше навестено уште две заминувања.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Лука Васкез (34) исто така заминува, под водство на новиот тренер Чаби Алонсо.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Тој сака да создаде нов и млад тим и се чини дека шпанскиот универзалец не се вклопува во неговата визија.

Исто така, во следната сезона во тимот нема да биде ни стоперот Жесус Валејо (28), кој своевремено беше голем шпански талент.

Иако Валејо можеби не е многу познат како играч на Реал, тој во Мадрид пристигна уште во 2015 година од Сарагоза за пет милиони евра.

Во меѓувреме играше на позајмици во Ајнтрахт, Волверхемптон и Гранада, а во својата кариера забележа 34 настапи за Реал, во коишто забележа еден погодок и една асистенција.

Оваа сезона три пати настапи во Ла Лига, вклучително и во последните две кола, сè поради големите проблеми на Кралскиот клуб со повреди.

Фото: Real Madrid C/FX
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …