Во Бајр Леверкузен се уверени дека ќе го убедат младиот талент Флориан Виртц да го продолжи договорот со клубот, тврди “Билд”. За него има интерес од неколку водечки европски клубови, а Баерн не го крие своето желание да го доведе во своите редови.
“Аспирините” сепак веруваат дека ќе потпишат нов договор со 21-годишниот фудбалер. Нивната понуда е за двојно зголемување на платата и договор до 2028 година, со клаузула за раскинување која ќе стапи во сила по Светското првенство во 2026 година.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Разговорите помеѓу клубот и Виртц се во напредната фаза, а фудбалерот ќе има време во мир да размисли за својата иднина, бидејќи е повреден и нема да игра неколку недели.