Раководството на Бајер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот и по летото, тврди “Билд”.
Шпанскиот тренер учествува во планирањето за следната сезона, при што учествува во разговорите околу летните подготовки и евентуалните трансфери.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според запознаени лица, Алонсо споделил со своите блиски дека мисли на поголем клуб, но не планира да ја промени работата до крајот на сегашниот договор, кој трае до 2026 година.
За него единствена насока е Реал Мадрид, а таму иднината на Карло Анчелоти не изгледа загрозена. Во Леверкузен се оптимисти и дури планираат да разговараат со Алонсо за продолжување на неговиот договор.