Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Победи на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, Детонит го изненади Башкими

ВМФЛ: Победи на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, Детонит го изненади Башкими

На терените низ Македонија денеска се играа натпревари од 14. коло во ВМФЛ во кои најголемото изненадување го приреди Детонит.

Македонија Ѓорче Петров со минимални 1:0 славеше над Арсими и така веројатно го откажа овој тим од битката за врвот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Единствениот гол го постигна Маркоски во првото полувреме.
Охрид не успеа да приреди изненадување против Брегалница која на свој терен запиша триумф од 2:0.

Детонит на свој терен беше подобар од третопласираниот Башкими со 3:1.

Најубедливиот триумф го оствари Вардар Неготино кој со 6:1 беше подобар од Вардарски.

Резултати 14. коло:
Македонија ЃП – Арсими 1-0
Брегалница – Охрид 2-0
Детонит – Башкими 3-1
Борец – Беласица 0-1
Скопје – Новаци 2-0
Кожуф – Победа 1-0
Осогово – Каменица 1-3
Вардар Неготино – Вардарски 6-1

Табела: Македонија ЃП 35, Брегалница 33, Башкими 29, Арсими 26, Саса 24, Детонит 24, Кожуф 21, Охрид 21, Скопје 19, Беласица 19, Новаци 17, Вардар Неготино 14, Победа 13, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…