Дома Фудбал Влаховиќ збесна на клупата на Јувентус – фрлаше костобрани и пцуеше (Видео)

Влаховиќ збесна на клупата на Јувентус – фрлаше костобрани и пцуеше (Видео)

Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Монца (2:1), најслабиот тим во Серија А, а српскиот фудбалер Душан Влаховиќ не постигна гол ниту запиша асистенција на овој натпревар. Тренерот Тијаго Мота го извади од игра во 85. минута од мечот, пред тимот од Торино да ја обезбеди победата и изгледаше дека тоа воопшто не му се допадна на репрезентативецот на Србија.

Камерите го фатија Душан Влаховиќ како луто коментира за мечот на клупата за резервни играчи, а се гледа и моментот кога ги фрла костобраните што ги носеше на теренот само неколку секунди претходно. Многумина помислија дека ова е почеток на конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Тијаго Мота кој го извади од игра, но српскиот фудбалер всушност беше лут на судијата,


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Како што пренесува италијанскиот „Скај“, Влаховиќ сметаше дека судијата Давиде Маса не свирил очигледен прекршок врз него во казнениот простор. Досудениот пенал ќе му помогнеше на Јувентус да го реши прашањето за победникот, а дополнително ќе подобреше впечатокот за играта на Влаховиќ – иако тренерот Мота по натпреварот го фалеше без разлика што не постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мијатовиќ: Партизан е должен 53 милиони евра, договорите со фудбалерите биле – „ненормални“!

Партизан не престанува да ја изненадува јавноста во Србија со откритијата за деталите за к…