Фудбалерите на Јувентус, откако беа поразени од Бенфика во Лигата на шампионите (0:2), мораа пред навивачите да ги издржат критиките и незадоволството, а таму беа сите освен двајца играчи на „бијанконерите“.
Еден од отсутните беше и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ (покрај него и Даглас Луиз).
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Неговото непојавување, кое се разбира се толкува како израз на непочитување кон оние што се секогаш таму, ги налути навивачите.
Игнорирањето на навивачите во ситуација кога тие се најемотивни, лути, кога изразуваат незадоволство кон играчите, никако не му помага на Влаховиќ да ја подобри својата положба кај ултрасите на клубот.